Македонија
26. April 2022 - 13:38

Тешка сообраќајна несреќа кај Цементара, автомобил се судрил со два камиони

Автомобил остана смачкан, а сообраќајот беше во прекин, по тешка сообраќајка кај Цементара утрово околу 10 часот.

Како што информираат од СВР Скопје, станува збор за сообраќајна незгода помеѓу две товарни и едно патничко возило на булеварот „Борис Трајковски“.

Како што пишува Република во незгодата повредени се две лица, возачот и совозачот од автомобилот. Едниот од нив е пренесен во Градска, додека другиот со Брза помош е пренесен во клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

Во тек е полицискиот увид по што ќе се знаат повеќе детали.