-->
-->
Тешка сообраќајка во Скопје: Удрил во бетонски ѕид
-->
Во 06 часот и 45 минути во Скопје, на крстосницата од улиците „Ѓорги Капчев“, „Ѓорги Капчев-23“ и „Ѓорги Капчев-16“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Фолксваген Голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 46-годишниот М.Б. од Скопје и патничко возило „Фиат Пунто“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 21-годишниот Н.Т. од Скопје.

После нивниот судир, возилото „Фиат Пунто“ удрило во метална ограда со бетонски ѕид. Во незгодата со повреди се здобиле возачот Н.М. и сопатникот во возилото „Фиат Пунто“, М.Д. (23) од Скопје. Тие со возило на Итна медицинска Помош биле пренесени во Ургентен Центар Скопје, каде од страна на лекар кај Н.Т. биле констатирани тешки телесни повреди и е задржан на понатамошно лекување, додека кај М.Д. биле констатирани телесни повреди и по укажаната лекарска помош бил пуштен на домашно лекување.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Пронајдена голема количина на марихуана - полициската акција се уште е во тек
-

Пронајдена голема количина на марихуана - полициската акција се уште е во тек
-

Утре до пладне УПОЗ ќе каже дали ја прифаќа понудата на Влада
-

Тема на денот со Шабан Салиу, министер без ресор
-

Преглед на вестите од светот
-

Владата и синдикатот пред договор
-

Филипче пресмета од каде да се скрати за да се најдат пари за минималец од 600 евра
-

Потресни сведочења на пожарникарите за кобната вечер во “Пулс”
