-->
-->
Тешка сообраќајка во Прилеп - четворица повредени
-->

Вчера во 13.00 часот на крстосница од ул.„Бошко Јанкоски“ и ул.„Цане Коњарец“ во Прилеп се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Т.П.(63) од Прилеп и патничко возило „југо корал“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Б.П.(63) од Прилеп. Во незгодата Б.П. се здобил со тешки телесни повреди, а со телесни повреди се здобиле тројцата сопатници од истото возило И.П., М.И. и П.И., по што биле пренесени во Општата болница Прилеп за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа на Полициската станица Прилеп.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Бобан Милошески, Авалон продукција
-

Преглед на вестите од светот
-

Груби не се чувствува виновен за злоупотребата на 9,7 милиони евра во Лотарија
-

26-годишен скопјанец убиен на „Пластичарска“
-

Дали заладувањето го намали ризикот од западно-нилска треска?
-

Состојба со пожарите
-

Панел дискусија: 8 Септември низ призма на неговите непосредни учесници и сведоци на Вила Водно
-

Музички спектакл за Денот на независноста: Дејвид Гета доаѓа во Скопје
