Балкан
25. November 2016 - 21:26

Тешка сообраќајка вечерва: Автомобил излета од патот - една жена загина

Тешка сообраќајна несреќа се случила вечерва околу 18 часот во местото Кузмин близу Сремска Митровица, во која една жена загина, а друга која била и возачот е повредена.

До несреќата дошло кога автомобил марка Киа од засега непознати причини излетал од патот и се превртел.

Жената која била совозач од здобиените повреди починала на лице место.