-->
-->
Тешка сообраќајка на патот Тетово-Јажинце, повредени пет лица
-->
Пет лица од кои едно потешко, се повредени во сообраќајна несреќа која се случила вчера околу 15:30 часот регионалниот пат Тетово-Јажинце во с.Теарце.
Во несреќата учествувале автомобил „Ауди А3“ со тетовски регистарски ознаки, управуван од М.Ј.(61) од с.Глоѓи и автомобил „голф“ со тетовски регистарски ознаки, управуван од М.З.(47) од Тетово во кое биле и тројца сопатници.
-По незгодата сите учесници биле пренесени во Клиничка болница-Тетово, каде на сопатникот од патничкото моторно возило „голф“, Ќ.Б.(45) од с.Џепиште му била констатирана тешка телесна повреда додека на останатите им биле констатирани повреди, инофрмира МВР.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Нови пожари во Кавадаречко
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-

Се реактивираше големиот пожар во Кавадаречко
-

6 нови сомнителни случаи на западно-нилска треска
-

МЗ: Eпидемиолошката состојба во Гостивар е стабилна
-

СДСМ: Власта си игра со здравјето на граѓаните
-

Вонреден инспекциски надзор во три болници по случајот со парализираната родилка
-

Приведена кратовчанка за напад на туристи на Куклица
