Тешка несреќа во основно училиште: Девојче (7) направило колут и удрило со глава во бетон

Ученичка од основно училиште на Вождовац со иницијали Л.С. (7) се здобила со фрактура на черепот откако паднала на глава додека правела вратоломии на конструкцијата која го држи кошот. Инцидентот се случил во школскиот двор на голем одмор.
-Девојчето излегло на голем одмор со своите другарчиња. Сакала да им покаже како се прави колут наназад. Во еден момент, се фатила за држачот од кошот. Меѓутоа својата вратоломија не успеала да ја изведе до крај и паднала директно на глава удирајќи во бетонот, објаснува изворот.
Како што дознаваат медиумите, нејзините другарки веднаш втрчале во училиштето и побарале помош. Девојчето во тешка состојба е префрлена во болница каде и се констатирани тешки телесни повреди.
-Девојчето е задржано на лекување зошто и е констатирана фрактура на черепот. Во целиот инцидент сослушани се надлежните, но и родителите на детето, додава изворот.
Ново на Сител
-

Лукровски прогласи победа: Денеска не победувам јас, победува Карпош
-

Кандидатот на ВРЕДИ, Фисник Меља прогласи победа во Дебар
-

ДИК: Од обработени 93% од гласовите за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски - 57,84%, Амар Мециновиќ 36,11%
-

Јовица Илиевски победи во Брвеница
-

Д-р Владко Грозданов прогласи победа во Кочани
-

Златко Ристов останува градоначалник на Конче
-

Левица: Задоволни сме од излезеноста во урбаните општини, исклучок се општините Чаир и Сарај
-

Според партиски извори Ѓоко Камчев е нов градоначалник на Валандово
