Македонија
12. September 2018 - 10:24

Тешка несреќа кај Кичево - има повредени

На регионалниот пат Кичево – Македонски Брод на раскрсницата со улица „Рудничка“, вчера околу 12:30 часот се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „БМВ“ со охридски регистарски ознаки, управувано од А.Н. (37) од Кичево, и патничко моторно возило „Ауди“, управувано од И.Р.(37) од Македонски Брод.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи, а по укажаната лекарска помош во Медицински центар Кичево, А.Н. е препратена во болницата "Св. Еразмо" во Охрид.

Извршен е увид на местото на настанот.