Свет
19. October 2016 - 18:11

Тешка несреќа го потресе светот - Шеснаесет лица повредени во железничка несреќа

Шеснаесет лица денеска се повредени откако приградски патнички воз се судри со товарни вагони крај железничката станица во австрискиот град Визелбург, пренесе ТАСС, повикувајќи се на австрискиот ТВ канал ОРФ. 

Според податоците на федералната железничка компанија, товарните вагони го напуштиле помошниот коловоз, а потоа во нив удрил регионалниот воз што сообраќал на линијата од Санкт Полтен до Шајбс, во провинцијата Долна Австрија.

На местото на несреќата работат екипи на брзата помош, на противпожарната служба и на полицијата.

Се истражуваат причините за излегувањето на вагоните од шините на помошната траса.