Македонија
25. May 2017 - 13:46

Тешка кражба во тетовско Боговиње

Во периодот од 23.00 часот на 23.05 до 03.30 часот вчера во село Боговиње, тетовско, непознат сторител извршил тешка кражба во куќата сопственост на 44- годишниот  Ф.А.

Сторителот насилно ја отворил влезната врата, влегол внатре и по извршено пребарување одзел 4.100 евра и кутија со разновиден златен накит во вредност од околу 10.000 евра, по што го напуштил местото.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.