-->
-->
Тешка кражба во Штип, крадци влегле во градинка
-->
Ноќеска во 00.40 часот во Штип на ул.„Браќа Даневи“, во Јавна установа за деца „Вера Циривири Трена“, две непознати лица извршиле тешка кражба во обид.
Сторителите се протнале преку направен отвор од металната ограда, потоа со погоден предмет ја отвориле пластифицираната двокрилна врата на една од занималните на приземјето, влегле внатре, но биле забележани од полициски службеник кој бил ангажиран за обезбедување на гласачкиот материјал, по што избегале во непознат правец.
Увид бил извршен.
Се преземаат мерки запронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Љупчо Палевски Палчо екстрадиран од Турција и сместен директно во Истражниот затвор во Шуто Оризари
-
Тема на денот со Горан Илијевски - Партија на Македонците во Србија
-
Атентат врз словачкиот премиер
-
Флекс кредит и СОС Детско Село заедно за Денот на семејството
-
Предизборниот и постизборниот период продуцира економска криза, сметаат економистите
-
Со нож и се заканија на претседателката на Уставен Кацарска
-
Запален службениот автомобил на директорот на Идризово- оштетена и блиската зграда
-
Уставен го одби барањето на судиите да го врати коефициентот за повисоки плати