Македонија
9. March 2020 - 14:40

Тешка кражба во село Челопек - украдено злато

Рано утринава околу 02.00 часот, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода Н.Д.(28) од с.Челопек, тетовско, поради сомнение дека на 08.03.2020 извршил тешка кражба во куќата на Б.И.(33) од истото село, при што одзел златен накит. Дел од накиот бил пронајден и му бил вратен на сопственикот, инаку негов роднина. Н.Д. бил задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.