Тешка депресија: Мис БумБум скокна во смрт но остана траен инвалид

Поранешната бразилска Мис БумБум, Дебора Дантас се обидела да си го одземе животот со скок од четвртиот кат.
Дебора Дантас, некогашната мис „најдобар задник“ остана неподвижна по неуспешниот обид за самоубиство, кога скокна од четвртиот кат. 20-годишната убавица наводно се борела со тешка форма на депресија, а во извештајот пишува дека пред да скокне била во алкохолизирана состојба и под влијание на антидепресиви.
На видеото што го објави по трагичниот инцидент Дантас од болничкиот кревер со големи напори се насмеа и ги поздрави фановите.
-Не знам дали вестите стигнаа до вас, но станав параплегичар. Молете се за мене, зошто за Бога не постои невозможно. Се сакам многу, порача од бразилската болница.
Дебора светските медиуми ги освои со скандалот, односно експлицитна снимка на која се гледа како во еден ноќен клуб сексуално ја задоволува друга жена, додека беше во врска со пејачот Мистер Катр.
-Секогаш мешаше големо количество на алкохол со лекови. Беше депресивна и емотивно нестабилна. Зборуваше дека животот и е празен и бесмислен, откри нејзиниот пријател за локалните весници.
Ново на Сител
-

Продолжува негативниот прираст - 1 005 помалку родени од умрени во второто тримесечје
-

Мицкоски: Донесовме одлука за намалување на цените на училишниот прибор за да го олесниме товарот врз семејниот буџет
-

Жена пронајдена почината во стан во Скопје
-

16-годишно девојче нападнато од нејзиниот 28-годишен партнер
-

Шестмесечно бебе донесено починато во Поликлиниката Драчево
-

Забраната за движење во шумите продолжена до 30 септември
-

АХВ потврди мртов гавран со вирус на западнонилска треска во Ресен
-

51-годишна Србинка „летала“ со 168 км/ч на патот Демир Капија – Гевгелија, уапсена на Табановце
