-->
-->
Тешка автобуска сообраќајна несреќа во Португалија - загинаа 29 германски државјани
-->
29 загинати и 27 повредени е црниот биланс од тешката автобуска сообраќајна несреќа која се случи на португалскиот остров Мадеира. Сите загинати се германски државјани, од кои 17 се жени.
Претседателот на регионалната влада Мадиера, Педро Каладо на прес конференцијата рече дека повредените меѓу кои се наоѓа и возачот на автобусот и туристичкиот водич, се пренесени во градската болница.
Касно во ноќта почна да се извлекува остатокот од автобусот. Откако се превртел автобусот спасувачките екипи приклучиле и рефлектори како би го побарале цел терен и да проверат дали има уште жртви под автобусот.
Португалскиот премиер Антонио Коста на Твитер изрази сочувство на семејствата на загинатите и на германската канцеларка Ангела Меркел.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Поставување камен темелник на нова спортска сала во Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“
-
Охридско лето денес слави 65 години роденден
-
Зголемен интересот кај штипјани за имунизација со ХПВ вакцина
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Кирил Михаилов, заменик директор во Национални шуми
-
ВМРО-ДПМНЕ го осуди настанот
-
Раста уапсен во Охрид, не стигна да настапи со Џејсон Деруло