-->
-->
Терористички напад во Русија - Има загинати
-->

Исламисти отвориле оган кон туристи во туристичкото место во руската република Дагестан на Кавказ.
Во пукањето кое се случило вчера вечер во близина на тврдината во Дербент, загинало едно лице, а 11 биле ранети од кои 5 се во тешка состојба.
Нападот се случил во моментот кога дваесетина туристи биле на балконот на тврдината Нарин-Кала, а полицијата на местото на злосторството дополнително пронашла 67 чаури од куршуми од различен калибар. Според полицијата, напаѓачите пукале од шумата во близина.
Претседателот на Дагестан, Рамзан Абдулатипов изјавил дека напаѓачите би можеле да бидат “локални бандити или екстремисти кои бараат одмазда”.
Видеото погледнете го ОВДЕ
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Брисел ѝ подава рака на Србија – Ќе го смени ли Белград курсот?
-

Тема на денот со Илија Димовски
-

По цели 14 години Вучиќ оди во опозиција, студентите славеа до доцна во ноќта
-

По цели 14 години Вучиќ оди во опозиција, студентите славеа до доцна во ноќта
-

Честитки за студентите, препукувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ
-

Бугарија избира претседател во втор круг
-

Дурмиши: Потрошувачката кошничка е намалена - ССМ: Не ни покажаа како пресметале
-

Собранието ја отфрли интерпелацијата за Божиновска
