Терорист на ИД убиен при полициска акција во Анкара

Припадник на терористичката група Исламската држава, кој планирал самоубиствен бомбашки напад во Анкара, е убиен денеска при полициска акција, јави турската НТВ.
Гувернерот на Анкара Ерџан Топаџа соопшти дека терористот, чиј идентитет не е соопштен, бил забележан во три наврати во близина на мавзолејот на Ататурк.
Тој е убиен во три часот изутринава по локално време (два часот по средноевропско време), кога полицијата се обидела да изврши претрес во неговиот стан, при што тој отворил оган кон чуварите на редот.
По неговата ликвидација, полицијата во станот открила големо количество експлозив, меѓу кои и седум килограми амониум нитрат.
Топаџа посочи дека осоммничениот планирал самоубиствен напад во главниот град на Денот на Мустафа Кемал Ататурк.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Една година од трагедијата во Кочани
-

Тема на денот со Петре Шилегов, адвокат
-

140-тина повредени во “Пулс” добиваат континуирана медицинска поддршка
-

Во спомен на загинатите во Кочани
-

Утре ќе се објават новите цени на горивата, се стравува од подгревање на инфлацијата
-

Војната на Блискиот Исток не се смирува
-

СДСМ обвинува за енергетска мрежа поврзана со Мицкоски и регионални компании
