Македонија
30. јуни 2017 - 9:36

„Терминатор 2“ се враќа во кино преработен во 3Д формат

Филмската класика на Џејмс Камерон, „Терминатор 2: Судниот ден“ е веќе реставриран и ќе биде повторно прикажан на големото платно како 3Д проекција, соопшти „АМЦ Тиатрс“.

- „Терминатор 2“ го издржа тестот на времето, а критиката се уште го смета за еден од најдобрите научно-фантастични филмови во историјата. Сега, новореставрирана верзија на оваа класика ќе ги подигне на ново ниво и онака извонредните специјални ефекти. АМЦ ја има честа на своите фанови да им прикаже сосема ново доживуввање на овој легендарен филм, изјави Елизабет Френк, претставничка на продукциската куќа.

Главните улоги во „Терминатор 2“ ги толкуваат Арнолд Шварценегер, Едвард Фурлонг, Линда Хамилтон, Патрик Стјуарт. Филмот својата прва премиера ја имаше во 1991 година.

3Д проекцијата премиерно ќе биде прикажана на 25 август годинава.