Фудбал
17. May 2017 - 10:44

Тери размислува за пензија

 
Џон Тери со постигнат гол се прости со навивачите на Челзи и лондонската екипа за која настапуваше 22 години. 
 
Пред неколку недели Тери соопшти дека на крајот на сезоната ќе го напушти „Стенфорд Бриџ“, но сега не ја исклучува и можноста да се пензионира.
 
„Можно е натпреварот во недела да биде мој последен во кариерата и да заминам во пензија. Никогаш не сум помислувал да останам да играм ако не сум навистина потребен во тимот, а уште помалку сакам да го забавувам напредокот не некој нов млад играч. Доколку дојде некоја вистинка понуда ќе разговарам со семејството, па потоа ќе решам. Без разлика дали станува збор за екипа од овде или странство. Сепак, сеуште ја немам донесено одлуката, само ги разгледувам опциите“, изјави Тери по мечот со Вотфорд кој челзи го доби со 4:3. 
 
Тој на овој меч го забележа 716-от настап во дрестот на Челзи и го постигна 67 гол, односно ја продолжи традицијата да постигнува барем по еден гол во секоја од изминатите 16 сезони. 
 
Со екипата на Челзи Џон Тери освои фкупно 17 трофеи меѓу кои и пехарите во Лигата на шампионите и Лига Европа.