-->
-->
Тери: Најчесно е Мурињо да не вади од кризата
-->
Капитенот на Челзи Џон Тери во изјава за британските медиуми го поддржал менаџерот Жозе Мурињо. Тери смета дека португалскиот стратег Жозе Мурињо е единствениот кој може да го извлече тимот од кризата.
„Само Мурињо може да нè извлече од оваа дупка. Го имаме најдобриот тренер на светот, кој стои зад сите нас“, изјавил Тери.
Челзи го има најлошиот старт во сезоната во последните неколку години, тимот се наоѓа на 16-то место со скромни осум бодови во првите осум кола во Премиерлигата.
„Немаме самодоверба. Но сепак, ние имаме една квалитетна група на фудбалери, неопходно е да се исправиме пред предизвикот и бидете сигурни дека ќе го направиме тоа“.
Според Тери една победа во првенството ќе ја раздвижи екипата и ќа ја врати на победничкиот колосек.
„Мораме да ја победиме Астон Вила во наредната рунда. Добро ќе ни дојде репрезентативната пауза“, дополнил капитенот на Челзи.
Мурињо, во првиот мандат на клупата на Челзи освои две шампионски титули, а по враќањето во клубот освои уште една титула во Премиерлигата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
34-годишен Тетовец силувал малолетник
-
СДММ: Бараме оставка од пратеникот Сергеј Попов - возел пијан, без возачка, направил сообраќајка
-
Приведен бегалец од затвор осуден на седум години за сторено кривично дело „разбојништво“
-
Рамос потпиша со својот нов тим и избра посебен број
-
„Пази што зборуваше да не пропаднеш во дупка“, имам закани од психопативе, кажа Гоце Трајковски на сведочењето
-
Печатено издание на „Плејбој“ - прво по пет години
-
Почна дводневниот бојкот на супермаркетите во Црна Гора
-
Марсело ја заврши кариерата