-->
-->
Тери ќе го „прескокне“ дербито со Ливерпул ?
-->

Капитенот на Челзи Џон Тери најверојатно ќе го пропушти дербито со Ливерпул што се игра во петок вечер. Тери се повреди во последните минути од неделниот натпревар со Свонси кога имаше контакт со противничкиот играч Лирој Фер. Како што пренсува британски „Скај спортс“ по направените прегледи утврдено е дека нема скршеница и останува само отокот на повреденото место да се повлече.
Тоа значи дека Тери ќе отсуствува само неколку дена од терените, а не со недели како што беа првите проценки.
Отсуството на Тери во првиот состав најверојатно ќе биде пополнето со „повратникот“ во Челзи Давид Луиз, кој последниот ден од преодниот рок се врати од ПСЖ.
Натпреварот Челзи – Ливерпул се игра во петок со почеток од 21 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ЕКРИ: Потребна е финасиска автономија на КСЗД и Народниот правобранител
-

Доцни тендерот за лекови за ретки болести
-

Повторно блокади на граничните премини?!
-

Преглед на вестите од светот
-

Продолжи судењето за „Пулс“
-

Седница на Собраниската комисија за прашања на изборите и именувањата
-

Беровскиот компир скапува во подрумите, земјоделците најавуваат протести
-

Мис Стон добива спомен соба во Василево, а патеката по која се движела ќе привлекува туристи
