Тереза Меј претрпе пораз во Домот на лордовите за законот за Брегзит
Британската премиерка Тереза Меј денеска претрпе пораз во горниот дом на Парламентот, Домот на лордовите, кој не го прифати нејзиниот Предлог-закон за Брегзит, со кој се предвидува Велика Британија по напуштање на ЕУ, да излезе и од европската Царинска унија.
Домот на лордовите со 348 гласови „за“ и 225 „против“, го прифати амандманот на Предлог-законот на Меј, со кој се бара од министрите до крајот на октомври да ги известат какви напори презеле за останување на земјата во Царинската унија.
Како што јави Би-Би-Си, членот на Домот на лордовите и поранешен еврокомесар, лорд Патен, кој го поддржа амандманот, оцени дека состојбата за Велика Британија ќе биде полоша, доколку „не продолжи со актуелните обврски“ во рамки на Царинската унија.
Британската Влада по гласањето соопшти дека е „разочарана“ од одлуката на лордовите, но дека нема да се откажа од нејзината „многу јасна“ посветеност за напуштање на Царинската унија.
Ново на Сител
-
75 години Друштво на филмски работници - почнуваат денови на македонскиот филм
-
Финансиската полиција со кривични пријави од над една милијарда денари изминатата година
-
Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-
Пратенички прашања во Собрание
-
Муртезани: 26 земји во Унијата го признаваат македонскиот јазик и идентитет, освен Бугарија
-
Македонија ќе одвои 5% од БДП за одбраната, експертите: Одлуката е неопходна, а парите ќе се вратат во економијата
-
Африм Гаши негира негова смена од спикерското столче - во ВРЕДИ се било во ред
-
Левица со интерпелација за Јавниот обвинител