Тереза Меј : Преговорите за Брегзит ќе почнат до крајот на март 2017 година
Британскиот премиер Тереза Меј изјави денеска дека формалните преговори за излегувањето на Велика Британија од ЕУ, ќе почнат до крајот на март следната година.
Во интервју за Би-Би-Си, Меј вели дека тоа е крајниот рок за покренувањето на член 50 од Лисабонската спогодба, по што ќе уследи двегодишниот период на преговарање меѓу Лондон и Брисел за раздружување.
Меј најави дека во следниот „говор на кралицата„ што кралицата Елизабета Втора, по традиција, го држи при отворањето на новата парламентарна сезона, владата ќе најави посебен закон со кој ќе се поништи законот од 1972 година, со кој европските закони беа пред домашните, доколку дојде до спор меѓу британското и европското законодавство.
Поништувањето на законот од 1972 година, што беше усвоен во британскиот Парламент , ќе стапи во сила, дури по целосното повлекување на Британија од ЕУ.
Меј изјави дека Британија ќе ги задржи во своето законодавство, сите европски закони.
Британскиот премиер не споменува точен датум за почеток на преговороте за Брегзит.
Меј досега инсистираше дека тоа ќе се случи тогаш кога Британија ќе биде подготвена за преговорите, додека Европската комисија во Брисел и европските лидери бараа процесот да очне „што е можно побрзо„.
Во интервјуто за Би-Би-Си, Меј одново се залага за „мек процес„ на перговарање, инсистирајќи дека тоа е важно и за двете страни.
Ново на Сител
-
Струмица: „Фиат“ удрил во електричен тротинет, повредено едно лице
-
Приведен бегалец од затвор баран со потерница
-
Почина пациентот на кој за прв пат во светот му беше трансплантиран бубрег од свиња
-
Македонија оди на сè или ништо против Фарски Острови
-
Трговски центар во Варшава со 1.400 продавници изгоре во пожар | ВИДЕО
-
Укината пресудата за пожарот во модуларната болница во Тетово: Директорите на ново судење, докторот Вучевски на слобода
-
Инаугурација на новата претседателка Гордана Сиљановска Давкова
-
ВМРО- ДПМНЕ и Вреди договорија начела за соработка за идна влада