-->
-->
Терестичка дезинсекција во Липково
-->

Од Центарот за јавно здравје Куманово денеска информираат дека во четврток 15 јуни, во доцните ноќни часови екипи од Центарот ќе извршат терестичка дезинсекција на територијата на општина Липково.
- Апелираме до пчеларите од подрачјето на Липково да преземат соодветни заштитни мерки за пчелните семејства, изјави епидемиологот од Центарот за јавно здравје, доктор Јадранка Стаменковска.
Со дезинсекцијата ќе спречи појава на вектор-преносливи болести кои ги пренесуваат комарците. Дезинсекцијата може да се одложи наредниот ден, поради неповолни временски услови. Станува збор за прва фаза на терестичка дезинсекција во оваа општина, а наредната недела терестичка дезинсекција ќе се изврши во општината Старо Нагоричане.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Сања Божиновска, министерка за енергетика, рударство и минерални суровини
-

ДДВ за горивата од 18% на 10%
-

Мерките од Владата не се доволни – ефект ќе дадат мерките предложени од СДСМ
-

Часовникот отчукува: Трамп му постави ултиматум на Техеран – имаат помалку од 48 часа
-

Мицкоски: Нема простор за зголемување на платите на обвинителите, но се вработуваат нови 200 судски соработници
-

“Брзи прсти” за добивање термин кај специјалист
-

Спречен сомнителен увоз на месо од Парагвај и ореви од Казахстан
-

Браната на р.Отиња во завршна фаза - Николовски на увид
