-->
-->
Терапија за Ковид-19 со антивирусниот лек „Паксловид“ примиле околу 28.500 Грци
-->
Најмалку 28.500 пациенти со Ковид-19 во Грција примиле домашна терапија со антивирусниот лек „Паксловид“ од крајот на март до сега, објави грчкиот весник „Катимерини“, јави дописничката на МИА од Атина.
Според весникот, повеќе од половина од лековите, односно 17.000 биле дадени во изминатите месец и половина, кога во земјата беше регистриран зголемен број заразени со Ковид-19.
На дневна основа се одобруваат околу 400-500 барања за конкретниот лек, кој граѓаните или го добиваат на домашна адреса или го подигнуваат од аптеките, откако нивното барање, преку матичниот лекар, ќе добие зелено светло од надлежните.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ракометарките на Ѓорче Петров ја одбранија шампионската титула
-
Гостивар се повлекува од ПМФЛ
-
Сабаленка го освои турнирот во Мадрид
-
Норис победи на спринтот на Големата награда на Мајами
-
Одбележување 122 години од смртта на Гоце Делчев
-
Сончево и топло, до 30 степени
-
Политичарите уживаат во мешана скара | Цветанка Арсоска и Весна Анчевска | Sitel Podcast 093
-
Од денеска со „Виз ер“ летови до Барселона и Лион