Теракотните икони од Виница на изложба во Оксфорд
Виничките теракоти ќе бидат дел од големата изложба „Религиите во империите низ историјата“ која треба да биде отворена идната година во музејот „Ашмолијан“ при Универзитетот во Оксфорд.
Археолозите од Оксфорд, преставници на „Ашмолијан“, кои се заинтерисирани за теракотите, во рамки на посетата на Виница го посетија и музејот „Теракота“ каде се запознаа со историјата и потеклото на овие уникатни примероци.
- Причината што сме овде е подготовката на големата изложба во нашиот музеј „Ашмолијан“ кој работи при Оксфордскиот универзитет во Велика Британија. Изложбата треба да го прикаже развојот на големите религии во империите низ историјата. На изложбата ќе има неколку поставки за христијанството, девет теракотни икони кои се откриени на Виничкото Кале. Затоа сум овде, како археолог лично да се запознаам со археолошките богатства на овие терени, изјави програмскиот директор на Оксфиордскиот музеј Пол Робертс по потпишувањето на Меморандумот за соработка со Министерството за култура и посетата на виничкиот музеј.
Додавајќи дека е посебно фасциниран од поставката во музејот „Теракота“, Робертс нагласи дека му е чест што виничкото археолошко богатство ќе биде презентирано во Оксфорд.
Изложбата се очекува да биде отворена во октомври 2017 година и да трае до јануари 2018. За македонското преставување ќе биде задолжен Археолошкиот музеј на Македонија.
Ново на Сител
-
Седница за пратенички прашања во Собранието
-
Опозицијата иницира надзорна расправа за решавање на проблемот со загадениот воздух
-
Граѓаните се повеќе пријавуваат лекари кои им побарале мито
-
Потребни се итни мерки за заштита на охридскиот регион
-
Учениците знаат за селекција, но немаат услови за примена
-
Преглед на вестите од светот
-
Нова анкета за довербата во правосудството?
-
Тема на денот со Жана Базби, бизнис психолог и психотерапевт (Лондон)