Тепачка во турскиот парламент по усвојување измени на изборникот закон
Тепачка во турскиот парламент се случи денеска меѓу пратеници од власта и опозицијата, веднаш по изгласувањето на измените во Изборниот закон, за кои опозиционерите тврдат дека ќе доведат до изборни измами.
По усвојувањето на измените во Изборниот закон, почна расправија меѓу националистичките пратеници и опозицијата. Неколкумина пратеници се степаа, јавуваат турски медиуми.
Инаку, турскиот парламент ги усвои измените на Изборниот закон, поддржувајќи ги предлозите, за кои опозицијата тврди дека може да отворат пат за изборни измами и да се загрози регуларноста на изборите, што треба да се одржат идната година.
Со измените е овозможено Високата изборна комисија да спојува избирачки окрузи и да префрла избирачки кутии во други окрузи. Ливчињата на кои нема печат од Изборната комисија и понатаму ќе бидат важечки.
Припадници на силите за безбедност ќе може да влезат на избирачко место по повик на избирач. Опозицијата смета дека тие мерки ќе значат помала транспарентност при пребројување гласови и ќе и се овозможи на Владата префрлување на избирачки кутии од опозициски упоришта.
Претседателските и парламентарните избори ќе се одржат идната година.
Ново на Сител
-
Телефонски разговор Ципрас-Заев: Ја истакнале важноста на почитувањето на Договорот од Преспа
-
Жената носи живот | Мери Амбросова | Личен развој | Sitel Podcast 036
-
„Паркови и зеленило“: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на владиниот објект
-
„Европскиот фронт“ обвинува за обид преку ДИК да му бидат одземени еден до два пратенички мандати
-
ДИК прифати приговор на коалицијата „Влен“ за избирачкото место во Желино
-
Претепан вработен во казино од три лица на кои им бил забранет влезот
-
На сила го внел во возило и му украл накит и 2.500 евра - Кривична пријава за 40 годишник од Скопје
-
Тепачка во ресторан во Драчево