Македонија
4. October 2020 - 18:41

Тепачка во кафеана во Илинден, еден повреден

Ноќеска околу 00,00 часот по во угостителски објект во населба Илинден имало нарушување на јавниот ред и мир, при што едно лице е повредено. 

Според пријавата во СВР Скопје, З.И.(42) од с.Марино со тврд предмет го удрил М.Т.(25) и истиот паднал во безсознание по што со возило на итна медицинска помош е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. 

По наредба на јавен обвинител З.И. е задржан во Полициска станица Кисела Вода за понатамошна постапка. 

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.