Тепачка во бугарскиот Парламент поради одлуката за преминување на евро | ВИДЕО
Тепачка се случи денеска во Парламентот на Бугарија околу одлуката за приклучување на земјата кон Еврозоната, а некои од парламентарците ги повикаа поддржувачите на зачувувањето на националната валута левот да го блокираат Народното собрание.
За време на парламентарната седница, пратениците на проруската Обнова, на повик на лидерот Костадин Костадинов, го блокираа пристапот до говорницата, а потоа Костадинов се качи на неа.
„Денеска е црн ден за Бугарија, јаничарите ја закопуваат нашата земја“, рече Костадинов.
Фотографиите објавени од бугарски медиуми покажуваат дека имало физичка пресметка мешѓу двајца пратеници.
Парламентарната група на „Продолжуваме со промената - Демократска Бугарија“ поднесе предлог за отстранување на Цончо Ганев од партијата Обнова од функцијата заменик-претседател на Народното собрание. Ова го објави пратеникот на коалицијата Даниел Лорер на социјалните мрежи.
Причината е откако денеска тензијата ескалираше во пленарната сала кога Ганев го удри пратеникот Јавор Божанков од „Продолжуваме со промената - Демократска Бугарија“.
Поддржувачите на бугарската национална валута протестираат пред зградата на Народното собрание од утрово, а Костадинов ги повика демонстрантите да го блокираат парламентот.
Европската комисија вчера даде зелено светло на Софија да премине на еврото од почетокот на 2026 година, со што Бугарија ќе стане 21-та земја што ќе се приклучи на зоната на единствена валута.
Ново на Сител
-
Македонија загуби од Финска на отворањето на Златната лига 2025
-
Путин потпиша закон со кој се казнува продажба на енергетски пијалоци на деца
-
Тешка несреќа на патот Скопје-Тетово загина 19-годишна девојка и 3 лица се повредени
-
На српските навивачи нема да им биде дозволено да присуствуваат на натпреварот со Албанија
-
Приведени три лица во Тетово и Гостивар затоа што управувале возила под дејство на алкохол
-
Најтежок руски напад врз градот од почетокот на војната
-
Ана Брнабиќ: Со усвојување три медиумски закони, Србија ќе добие закони целосно усогласени со оние на ЕУ
-
Утре топло со температура до 38 степени