-->
-->
Тепачка меѓу две групи во Неготино откако девојка пријавила дека била физички нападната во угостителски објект
-->
Физичка пресметка имало изминатава ноќ меѓу две групи во Неготино, откако девојка пријавила дека била физички нападната во угостителски објект. За ова попладнево информираа од Секторот за внатрешни работи Велес.
-На 21/22.09.2025 во времето од 20:10 до 00:10 часот, во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино ги лишија од слобода В.Д.(22), Д.Т.(21), Љ.Т.(43), А.М.(25) и Б.П.(22), сите од Неготино. Претходно И.Б.(25) од село Криволак, неготинско, пријавила дека во угостителски објект во Неготино, Д.Т. физички ја нападнал, по што настанала физичка пресметка помеѓу две групи, појаснија од СВР Велес.
Лицата биле приведени во полициска станица, известен бил јавен обвинител и се преземале мерки за расчистување на настанот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
М-НАВ: Ставен во функција радарот на скопскиот аеродром
-
38-годишен маж пронајден мртов во својот дом во Кисела Вода
-
Прегазена 59-годишна жена во Кисела Вода
-
МВР со детали за пожарите кај Зелен пазар и Кисела Вода
-
Тихановскаја го предупредува Трамп да биде внимателен со Лукашенко
-
ЗОО Скопје: Ризикот од животинската туберкулоза за посетителите е многу низок
-
Приведен 31-годишен струмичанец за обид за разбојничка кражба со украдено возило од Неготино
-
Кривична против поранешни директори и заповедник во затворот во Струмица за „злоупотреба на службената положба“