Тепачка меѓу бегалците во Хрватска
Во хрватскиот град Бели Манастир, каде илјадници бегалци на железничката станица се обидуваат да влезат во автобус или воз кон Загреб, дошло до тепачка меѓу две групи бегалци, поради што било потребно да интервенира полицијата.
Бегалците меѓу себе се гаѓале со камења, шишиња и се што имале при рака. Ситуацијата на местото на инцидентот и натаму е тензична.
Помала група бегалци од Бели Манастир, околу 200 лица, синоќа според неофицијални информации се обиделе да влезат во Унгарија, но биле спречени од унгарската полиција, која наводно употребила сила врз нив.
Во Хрватска утрово до девет часот влегле 14.052 бегалци.
Иако граничните премини од Србија кон Хрватска се затворени, бегалците и натаму пристигнуваат во Товарник и тоа преку т.н. зелена граница, минувајќи низ полињата со пченка при што штом стапнат на хрватска територија ги приведува полиција која ја контролира целата државна граница.
Ново на Сител
-
Вработените во ЈСП се жалат дека не земале плата
-
МВР: Не чекајте последен момент за да ја смените возачката
-
Охрид има над 1500 крвoдарители
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-
Бугарскиот амбасадор повикан на разговор во МНР поради пробиениот протокол на средбата Силјановска - Радев
-
Навреди од ко-претседавачот
-
Комитетот утре влегува во М-НАВ, од нив зависи дали и Обвинителството ќе отвори истрага