Теорија на заговор разоткриена по 70 години

Човекот кој во 1987 година се обеси во берлинскиот затвор Шпандау, на 93-годишна возраст, навистина бил Рудолф Хес, некогашниот заменик водач на Третиот рајх, Адолф Хитлер.
Тоа го потврдиле ДНК анализите чии резултати ги разоткриле теориите на заговор, кои успеале да опстанат подолго од седум децении.
Истражувачите, кои настојувале да докажат дека еден од првите германски нацисти не е заменет со двојник, влегле во трагата на роднина на Хес, кој живее во Германија.
Тие го споредиле неговиот ДНК примерок со примерокот од крвта на „Затвореникот број 7“ од 1982 година, кој им бил даден од управата на затворот Шпандау. Анализите покажале дека постои речиси 100 процентно усогласување на примероците, пишува списанието „Њу сајантист“.
Теоретичарите на заговор, меѓу кои е и еден од лекарите кои во затворот го лекувале Хес – Хју В. Томас, шпекулирале дека двојник го заменил Хес пред тој во 1941 година да замине за Шкотска, во обид да склучи мир со Велика Британија.
Хес е уапсен по слетувањето во Шкотска, во мај 1941 година. До крајот на војната бил затворен во лондонскиот Тауер. На Нирнбершкиот процес во 1946 година, поради извршени воени злосторства, е осуден на доживотен затвор, а во 1947 година е префрлен во затворот Шпандау.
Лекарот Томас тврдел дека човекот кој тој го лекувал физички се разликувал од Хес. Му било сомнително и тоа што семејството на осуденикот долги години одбивало да го посети.
Американскиот воен патолог Рик Вал, еден од авторите на меѓународни форензичарски истражувања за генетика, го зачувал примерокот од крвта за потребите на научно истражување, што се покажало многу корисно.
Останките на Хес се ексхумирани во 2011 година, со цел да се спречи неговиот гроб да стане место за собир на неонацисти, што значи дека промерокот на Вал од затворот Шпандау е единствена зачувана трага од ДНК-та на Хес.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Виктор Митевски, извршен директор на ЗМАИ
-

ДИК со првични официјални резултати: Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ прв со 2945 гласови, втор Јахиј од НАИ со 2152 гласа
-

Политички реакции по првиот круг во Брвеница
-

МНР: Навредливи и провокативни се изјавите на Демерџиев и Радуков за Ива Михаилова
-

Правосуден испит на албански или нови протести
-

Отказ за административците ако 2 години се негативно оценети
-

Нови цени на горивата
-

АХВ продолжува со вонредните инспекциски контроли на зелените пазари - запленети уште 5 тони небезбедна храна
