Теохарис за МИА: Сакаме пријателите од Македонија да бидат безбедни при нивниот престој во Грција
На две седмици пред официјалното отворање на копнените граници со нашата земја, министерот за туризам на Грција, Харис Теохарис, од островот Санторини во разговор со дописничката на МИА, испраќа две пораки до, како што вели до „пријателите од Македонија“.
-Две пораки би испратил. Едната, како човек. Да внимаваат, да продолжат да го прават она што им го велат експертите и лекарите за ситуацијата секогаш да биде под контрола и да немаат проблеми со нивното здравје. Другата, како министер за туризам. Дека нашата земја ќе биде во позиција да ги прими, и ние од наша страна ќе вложиме секакви напори за да отвориме и да бидат безбедни и исто како и за секој странец што ќе дојде во нашата земја, така и за пријателите од Македонија, сакаме бидат безбедни кога ќе дојдат и додека престојуваат во нашата земја, вели Теохраис.
Во однос на отворањето на границата со нашата земја, од 1 јули, објаснува дека тие се во постојани консултации со лекарите кои ги советуваат и истакнува дека за Грција, здравјето е број еден.
-Сакаме полека, внимателно да ги отвориме нашите граници, почнавме со Бугарија, бидејќи лекарите ни рекоа дека тоа е најбезбедно во овој момент. Во напорите што ги правиме, секогаш, дури и кога ќе отвориме, докторите ќе нѐ советуваат што да правиме. Здравјето е број еден за нас. Ако нема промени, нашата цел е од 1 јули да ги отвориме и останатите наши копнени граници, објаснува министерот за туризам на Грција во разговорот за МИА од островот Санторини каде што викендов беше и официјално најавен стартот на туристичката сезона во Грција.
Ново на Сител
-
СДСМ бара оставка од министерката за финансии за навредите кон пратеничката Петровска
-
Гаши ги следи реакциите за вчерашната седница за пратенички прашања
-
Барањето за разрешување на Коцевски се уште не е стигнато во Советот на јавни обвинители
-
УЈП со нова услуга - Уверение за остварен доход ќе се вади електронски
-
Градот Штип, нов мост за соработка помеѓу Македонија и Велика Британија
-
30 лица чекаат трансплантација на орган
-
Преглед на вестите од светот
-
Осуденици добивале привремено ослободување: Истражните органи со детали за денешната акција