Македонија
15. јуни 2022 - 16:35

Тензии во Бугарија поради Македонија

Бугаркиот премиер Петков го потврди планот кој евентуално ќе донесе македонска деблокада во ЕУ. Одлуката ќе има или не преговори во јуни ќе ја носи собраниската Комисија за надворешни работи, а предлогот кој носи евентуално решение нема да стигне до бугарското МНР.

Петков го посочи планот, со кој според него, завршуваат сите шпекулации во однос на македонското прашање.

Паралелно, во бугарското Собрание на темата реферираше министерката за надворешни во оставка Генчовска. На тензична дебата полна со меѓусебни обинувања за тоа кој врши национално предавство, таа откриваше детали од преговорите со Македонија.

Повторно ја обвини владата за водење на двојна надворешна политика. Ова го покрепи со информација дека кабинетот на Петков предложил документ кој се отстапува од бугарските црвени линии и кој предлага помек став за македонскиот јазик.

Ова ветување од Петков кон европските партнери, вели Генчовска, и било потврдено и на нејзината прва средба со еврокомесарот за проширување Вархеи. Сепак, како што рече, Министерството за надворешни веднаш го отфрил како погрешен.

Во однос на самиот преговарачки процес, Генчовска рече дека во последните 30 дена е направен прогрес. Барањето на Скопје за вклучување на Бугарите во Уставот пред самиот крај на преговорите е целосно одбиено, но и понатаму останува отворено прашањето со, како што рече министерката, “таканаречениот” македонски јазик.

Во меѓувреме и опозициската ГЕРБ го поднесе барањето за гласање на недоверба на владата на Петков, но засега е нејасно кога ќе се најде на дневен ред. За тоа време, бугарскиот премиер се обидува да обезбеди мнозинство во Парламентот со кое ќе го зачува власта и кабинетот.