Македонија
25. јуни 2019 - 16:12

Тензична расправа за образованието по оставката на заменикот министер

Владината реконструкција со која премиерот Зоран Заев се самопредложи и за министер за финасии, како и оставката на заменикот министер за образование Петар Атанасов поради некомуникација со министерот Арбр Адеми и лошите реформи предизвикаа жестока дебата во собраниската Комисијата за образование.

Според пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ власта направила тотален колапс во ресорот образование и побараа Комисијата да организира и надзорна расправа не само за состојбите во основното, туку и за средното и за високото образование.

Како доказ за тоа дека не се прави ништо ја посочија оставката на Атанасов. Според минстерот Арбр Адеми пак, состојбите во образование не се најдобри, но како министер работел на клучни реформи.

Министерот уверува дека не правел никакви притисоци за Тетовскиот универзитет и бара целиот случај да биде преиспитан. Дебата со опозцијата прифаќа во секое време.