-->
-->
Темелковски: Не смее да не фати еуфорија по победата над Русија
-->

Илија Темелковски селекторот на јуниорската ракометна репрезентација на Македонија смета дека по стартната победа над Русија на Светското младинско првенство во Алжир, неговите избраници не смее да влезат во победничка еуфорија, напротив, и оти треба треба концентрирано и максимално ангажирано да им се пристапи на следните дуели.
- Посветивме доста внимание пред натпреварот со Русија, добро ја анализиравме нивната игра и тоа вроди со плод. Имавме концентрација во текот на сите 60 минути. Во првиот дел направивме непотребни грешки, но потоа видовме каде грешевме и тоа го поправивме во второто полувреме. Докажавме дека оваа репрезентација има карактер, кога од минус 3 дојдовме за плус 7 за 20 минути. Сега никако не смее да нѐ фати еуфорија. Ова е само еден меч од натпреварите кои допрва следат, изјави селекторот Темелковски.
Потсетување дека македонските младинци ја победија Русија со 7 гола разлика (29-22) во мечот од 1.коло на Ц групата.
Вториот меч Македонија ќе го одигра утре против селекцијата на Буркина Фасо.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте во официјална посета на Македонија
-

Тројцата полициски службеници обвинети за работењето на кочанската дискотека не се чувствуваат виновни
-

Од годинава три типа матура, гимназијалците на државна, стручните со право на избор
-

Преглед на вестите од светот
-

Судиите не се согласуваат нивните плати да останат замрзнати
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ
-

Блискиот Исток на раб на целосна војна
-

Конфликтот на Блискиот Исток – Можна закана за енергетска криза
