-->
-->
Телешко од Полска ја труе ЕУ: Тајни снимки од кланица ја испничи Унијата - кравите се толку болни што не можат да стојат
-->
Тајно направените снимки на кои се гледа колку многу се болни кравите во една полска кланица која продава со мала или никаква ветеринарска инспекција предизвика паника во држава која претставува една од најголемите извозници на месо во Европската Унија.
На снимките од кланицата во централниот полски регион Мазовија се гледа како кравите од камион ги тегнат до месарата.
Колењето на болни крави, судејќи по снимката, се случува во текот на ноќта без надзор на ветеринар, што претставува жестоко кршење на стандардите, наведува британскиот Гардијан. На снимката исто така се гледа како вработените во кланицата ги отстрануваат сите докази кои покажуваат дека кравите биле болни. Експертите кои ги погледнале снимките велат дека го зголемува ризикот на здравјето и ја повикаа полската влада веднаш да делува и да ги извести и останатите европски земји.
Крис Елиот, професор по безбедност на храна и основач на Институтот за голбална безбедност на храната, кој предводи независна владина истрага по скандалот со коњското месо во 2013 година во Британија, изјави за Гардијан дека доколку има докази дека сето ова месо или дел од него е излезено од Полска, тогаш постои потенцијал за активирање на европскиот безбедносен аларм, но мора да бидат вклучени и многу регулаторни агенции, а веројатно и полициски сили од цела Европа.
Според официјалните податоци, Полска во текот на 2017 година извезла телешко во вредност од 1,5 милјарди долари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Галичник недостапен за новогодишните празници, снегот од патот неисчистен
-
Пандев спортски директор на националните селекции, Најдоски и Ибраими советници на Омерагиќ
-
Десетици илјади на протести во Белград и во Ниш
-
Без струја утре делови од Аеродром, Сарај и Кисела Вода
-
Традицијата продолжува, блесна новогодишната елка под вода
-
Заплена и апсење за пиротехника
-
Германските имиграциски власти предупредувале за осомничениот од Магдебург
-
По 24 пат накитена новогодишната елка во водите на Охридското Езеро