Телеграма со сочувство од МПД до семејството на Димитар Мирчев

По повод смртта на проф. д-р Димитар Мирчев, Македонското политолошко друштво (МПД) упати телеграма со сочувство до неговото семејство.
- Уште многу децении пишаната мисла од проф. д-р Димитар Мирчев ќе биде изучувана од сегашните и идните генерации на политолози кои претставуваат двигател во повеќе полиња во Република Македонија и светот, стои во телеграмата.
Од МПД потсетуваат на делото кое го остави Димитар Мирчев. Објавени се над 200 научни трудови, универзитетски учебници, монографии, есеи и истражувачки извештаи, во земјата и во странство, на англиски, словенечки, хрватски, српски, меѓу кои и неговата Тетралогија „Македониум“.
Меѓу бројните фукции и должности, Димитар Мирчев беше основоположник и прв претседател на Македонското политолошко друштво. мд/паг/16:58
###
Ново на Сител
-

Работниците на протест за поголеми плати
-

Тема на денот со Марко Трошановски, претседател на Институт за демократија
-

Преглед на вестите од светот
-

Поминаа измените на Кривичниот законик за членот 353, гласаше и СДСМ
-

ОЈО отвори предмет по ревизорски извештај за Општина Охрид
-

Имало пријави за судијата Ристов во Судскиот совет, но Камбовски не се сеќава на наводи за мито
-

Секој втор функционер кој има фирма ја сокрил сопственоста од институциите
-

Над 70 проценти од граѓаните подржуваат членство во ЕУ
