-->
-->
Телеграма со сочувство Димитриев до Медведев
-->

Претседателот на Владата за спроведување на изборите Емил Димитриев денеска упати телеграма со сочувство до премиерот на Руската Федерација Дмитриј Медведев поради убиството на рускиот амбасадор во Анкара.
-Со длабока вознемиреност и жалење ја примив потресната вест за грозоморното убиство на вашиот амбасадор, неговата екселенција Андреј Карлов, во Анкара. Осудувајќи го овој терористички чин, во овие исклучително тажни моменти за Вас, за граѓаните на Руската Федерација и семејството на амбасадорот Карлов, дозволете ми од името на Владата на Република Македонија и од мое лично име, да Ви упатам изрази на искрено и најдлабоко сочувство, Вам и на семејството на амбасадорот Карлов, се наведува во телеграмата од Димитриев до Медведев.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Одобренија за нови 1030 станови, половина во Скопје
-

Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии
-

Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане
-

Прв конгрес на Српската демократска лига
-

Доживотен затвор за серискиот убиец од кумановско
-

Владата пресмета колку пари месечно му требаат на четиричлено семејство
-

2,1 милион евра за изведувачите за прославата за независноста - индивидуалните хонорари тајна
-

Бугарија е против квалификувано мнозинство во ЕУ
