Телефонски разговор Радев-Макрон

Претседателот на Бугарија, Румен Радев телефонски разговараше со францускиот претседател Емануел Макрон, соопшти прес-службата на бугарскиот претседател.
Во фокус на разговорот помеѓу двајцата претседатели беа темите за европската перспектива на земјите од Западен Балкан, последиците од воените дејствија во Украина и за промената на безбедносната средина во Европа.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, Радев посочил дека во интерес на стабилноста на Обединета Европа, секоја земја кандидат за членство во ЕУ мора да ги почитува европските вредности поврзани со правата на граѓаните, а Бугарија очекува конечни резултати од Република Северна Македонија во таа насока, пред да се договорат за почеток на преговорите.
Бугарскиот претседател истакнал и дека Бугарија и Северна Македонија се договараат да изготват патоказ со краткорочни и долгорочни цели, чија имплементација ќе го унапреди процесот на европска интеграција на југозападниот сосед но сè уште нема резултати во таа насока.
– Очекувањето на нашата земја за правно обврзувачки гаранции, кои ќе бидат вклучени во преговарачката рамка за Република Северна Македонија и да се обезбеди спроведување на обврските преземени од Скопје, заклучи Радев.
Радев истакнал и дека неспроведувањето на Билатералниот договор за пријателство и добрососедство и соработка од страна на Република Северна Македонија, пет години по неговото потпишување, бара конкретни чекори и резултати, чија имплементација ќе ја врати и зајакне довербата.
Францускиот претседател Макрон од своја страна ја изрази подготвеноста на Франција да ја поддржи Бугарија за бугарското воздухопловство да не ги загуби одбранбените способности додека не ги добие однапред платените ловци Ф-16 од земјата.
Ново на Сител
-

Најмногу снег и најстудено на Попова Шапка
-

Во Белгија прогласен „портокалов аларм“ за опасност од респираторни инфекции
-

Денеска се празнува Собор на Светите Седумдесет aпостоли
-

Азербејџан почна да испорачува природен гас за Германија и Австрија
-

Лазаров: Мораме да извлечеме добри поуки од натпреварот со Данска
-

Меѓународна научна конференција „Охрид- Водици 2026“
-

Зеленски: Русија подготвува нови масовни напади врз Украина
-

Локални врнежи од дожд и снег, магла во котлините
