Телефонски разговор Петков – Шолц
– Премиерот на Бугарија Кирил Петков по враќањето од Романија телефонски разговарал со германскиот канцелар Олаф Шолц, јави дописникот на МИА од Софија.
Петков и Шолц разговарале за интеграцијата на Западен Балкан во Европска Унија и соработката со Северна Македонија, за суспензијата на рускиот гас од страна на „Газпром“ за Бугарија и за посетата на Украина.
– Бугарија е убедена дека иднината на регионот е во семејството на ЕУ, нагласи бугарскиот премиер.
Петков го информирал Шолц и за помошта што Бугарија може да и ја пружи на Украина за поправка на нејзината воена опрема. Бугарскиот премиер укажа и на можноста пристаништето Варна да стане логистички центар за извоз на украинска пченица и нафта, ја истакна важноста на превентивните мерки на европско ниво против ризиците од криза со храна по руската воена инвазија врз Украина.
Петков и Шолц разговарале и за енергетската безбедност во Европа, вклучително и мерките што земјите од ЕУ ги преземаат за обезбедување на снабдувањето со гас.
Ново на Сител
-
Поставен камен темелникот на ветерниот парк Штип, инвестиција од над 500 милиони долари
-
НБРМ ги намали надоместоците за банките, се чека тие да ги спуштат тарифите за граѓаните и фирмите
-
Висок ризик за пожари во цела држава: Како функционира Македонскиот информативен систем за шумски пожари?
-
Одложено судењето за „Адитив“, доцнеше полицискиот спровод на обвинетите
-
Камен темелник на Ветерниот парк во Штип
-
Вреди: Во Струга имаме сигурен кандидат
-
Арпата од ланската реколта ќе се откупува за стокови резерви
-
Бројни културни манифестации за привлекување туристи