Телефонски разговор Османи – Ле Дриан за преговорите со ЕУ, дијалогот со Бугарија и состојбата во Украина
Европското досие на Северна Македонија во светло на актуелното француско претседателство со Советот на Европската Унија и потенцијалите за напредок во нашите европски интеграции, биле теми на денешниот телефонски разговор на министерот за надворешни работи Бујар Османи и министерот за Европа и надворешни работи на Француската Република.Жан-Ив Ле Дриан.
Како што соопшти МНР, Османи и Ле Дриан разговарале и за текот на политичкиот дијалог со Република Бугарија и за состојбите во Украина и како истите се рефлектираат на земјите од Западен Балкан, врз стабилноста и безбедноста на регионот и Европа во целост.
Министерот Османи му честитал на својот француски колега Ле Дриан за лидерството на француското претседателство со Унијата во овие тешки времиња, при што нагласил дека обединетоста на ЕУ го охрабри целиот демократски свет, а особено земјите во регионот.
За време на телефонскиот разговор биле добиени јасни и недвосмислени пораки за поддршка од страна на Франција; пораки за нашата подготвеност за почеток на преговорите, како и за улогата на Франција во овој процес, се нaведува во соопштението од МНР.
За време на разговорот Османи го информирал Ле Дриан дека Северна Македонија постигна 100 проценти усогласеност со Заедничката надворешна и безбедносна политика и во тој контекст потенцирал дека европската перспектива на земјата и регионот е суштински придонес за одржлива регионална и европска стабилност.
Ново на Сител
-

Сеул: Северна Кореја лансираше ракети кон морето
-

Најмалку едно лице загина при нови напади на Хутите врз саудиските аеродроми
-

Македонскиот борач Топузовски освои бронзен медал на меѓународно натпреварување во Италија
-

Премиерот Мицкоски и министерот Николоски на почеток на изградба на автопатот Букојчани - Кичево
-

Манчестер Сити го освои Енфилд и остана со максимален ефект
-

Струмица 2001 го совлада Пелистер во Супер кошаркарската лига
-

Облачно со повремен локален дожд
-

Зеленски: Не сум запознаен со „енергетското примирје“, но Украина е подготвена да го прифати
