Свет
27. August 2020 - 8:48

Телефонски разговор на Трамп и Ердоган за Медитеранот

Претседателите на Соединетите Американски Држави и Турција, Доналд Трамп и Реџеп Таип Ердоган телефонски разговараа за регионални прашања, вклучително и Медитеранот, соопшти Анкара.

Тензиите меѓу Турција и Грција ескалираа откако Анкара овој месец испрати истражувачки брод во спорните источни медитерански води, што Атина го смета за нелегална постапка.

Претходно вчера, Ердоган ја предупреди Грција да не ја тестира трпеливоста или храброста на Турција со ескалација на тензиите меѓу сојузниците на НАТО во врска со експлоатацијата на енергетските ресурси во источниот Медитеран.

Турција и Грција се во спор околу правото за истражување за потенцијални наоѓалишта на нафта и гас во источниот медитерански регион, во кој сега влегуваат членки на ЕУ, како и други земји.