Телефонски разговор Макрон-Путин
Условите за спроведување хуманитарна операција што Франција ја бара за да им се помогне на граѓаните во опколеното украинско пристаниште Мариупол „во оваа фаза не се исполнети“, соопшти кабинетот на францускиот претседател Емануел Макрон откако тој денеска телефонски разговараше со неговиот руски колега Владимир Путин.
„Беше истакнато дека за да се реши тешката хуманитарна ситуација во овој град, украинските националистички милитанти мора да престанат да пружаат отпор и да го положат оружјето“, се вели во соопштението на Кремљ.
Кремљ додаде дека двајцата лидери разговарале за резултатите од разговорите и за хуманитарната ситуација во Украина.
Двајцата лидери, исто така, разговарале за барањето на Русија испораката на гас до Европската унија да се плаќа во рубљи.
Ново на Сител
-
Психолошка помош им е потреба на голем број граѓани, особено на семејствата кои ги изгубија најблиските
-
Преглед на вестите од светот
-
Приведени тројца градоначалници на Кочани
-
Зајакнати тимови од психолози и психијатри во Кочани, МОН препорачува да се работи со децата
-
Тема на денот со Сашо Клековски, директор на ФЗОМ
-
Уапсен градоначалникот на Кочани
-
Последен поздрав за жртвите
-
Во стабилна состојба повредените од пожарот во Кочани