Техеран го опиша како „неоправдано“ повторното воведување на санкциите на ОН кон Иран
Иран го опиша како „неоправдано“ повторното воведување на санкциите на ОН на иницијатива на Франција, Велика Британија и Германија поради неговата нуклеарна програма и ги повика земјите да не ги спроведуваат.
„Обновувањето на укинатите резолуции е правно неосновано и неоправдано […], сите страни мора да се воздржат од признавање на оваа нелегална ситуација“, се вели во соопштението на иранската дипломатија – првата официјална реакција од Иран на повторното воведување на санкциите, кои стапија на сила на полноќ, десет години по нивното укинување.
„Исламската Република Иран решително ќе ги брани своите национални права и интереси, а секоја акција за поткопување на интересите и правата на нејзиниот народ ќе биде предмет на цврст и соодветен одговор“, соопшти иранското Министерство за надворешни работи, без да даде детали.
Според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Иран е единствената земја што не поседува нуклеарно оружје, но збогатува ураниум на високо ниво (околу 60 отсто) – блиску до техничкиот праг од 90 отсто, потребен за производство на атомска бомба. Техеран негира дека има такви амбиции на воен план, но инсистира на своето право да ја развива својата нуклеарна програма за цивилни цели, за производство на електрична енергија.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
ДИК вечерва ќе ги објави првичните неофицијални резултати од првиот круг од локалните избори
-
ВРЕДИ прашува каде е Ахмети
-
Тема на денот: Анализа на изборните резултати
-
Оценка на мисијата на ОБСЕ/ОДИХР за првиот круг од локалните избори во Македонија
-
44 општини добија градоначалник
-
ВМРО-ДПМНЕ: Историска победа на локални избори, СДСМ: Очекувавме повеќе, но не е лошо
-
За кандидатите на ДУИ и ВРЕДИ ќе се гласа повторно во Гостивар и Врапчиште