Тедрос: Политизацијата на истрагата за потеклото на коронавирусот е штетна
Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Адханом Габријесус денеска од редовниот брифинг во седиштето на организацијата во Женева испрати апел до сите земји во светот да не ја политизираат истрагата за потеклото на коронавирусот, бидејќи тоа може да создаде пречки на патот кон дознавање на вистината.
-Ние мора да дознаеме од каде потекнува вирусот за да можеме да спречиме избувнување на нова зараза во иднина. Нема тука што да се крие, сакаме да знаеме од каде потекнува вирусот, рече Тедрос.
Кинеските државни медиуми јавуваат дека вирусот постоел во странство пред да стигне до Вухан, градот во централна Кина, наведувајќи дека тој бил увезен на пакувања со смрзната храна, како и дека во научните часописи пишувало дека уште минатата година вирусот влегол во циркулацијата меѓу луѓето.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт
-
На кулата на АЕК ќе има панорамски ресторан - сообраќај до врв на Водно не е опција
-
Повредени двајца пионери на Брегалница
-
Mицкоски: Погрешна теза е дека без ДУИ ќе има има етнички тензии
-
Продолжуваат партиските активности за локалните избори
-
Кондарко: Изборите ќе течат без застои
-
Експерти од Италија и Словенија ќе испитуваат што се случувало на приватните кардиохирургии