Тедрос: Коментарите на Помпео се невистинити
Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Адханом Греберејсус, денеска изјави дека коментарите на американскиот државен секретар Мајк Помпео за неговата независност биле невистинити и нема да ја попречат организацијата во својата работа во борбата против коронавирусот.
Тедрос беше изложен на критики, особено од страна на американскиот претседател Доналд Трамп и секретарот Помпео, кои го обвинија дека е прокинески настроен, пренесоа британските медиуми.
-Коментарите се невистинити и неприфатливи и без никаква основа по ова прашање, рече генералниот директор на СЗО како одговор на прашање на брифингот во Женева за коментарите на Помпео од Лондон, кога ја доведе во прашање неговата независност.
-Нашиот единствен фокус и фокусот на целата организација е на спасувањето животи, рече Тедрос, додавајќи дека СЗО нема да се меша во ваквите коментари и не сака да биде попречена ни меѓународната заедница. Тој, исто така, истакна дека СЗО забележува интензивно пренесување на коронавирусот во релативно мал број на земји.
-Две третини од случаите се од 10 држави. Речиси половина од случаите се регистрирани во само три земји, рече Тедрос.
Ново на Сител
-

Ќе продолжи ли повластеното ДДВ кај дизелот од понеделник?
-

Еврокодови за посигурни градби: Ќе поскапи ли квадратот?
-

Седум дена нема хоспитализиран пациент со западно-нилска треска
-

Конференција „Безбедност 2030: Ера на паметни технологии, отпорни општества, ризици и предизвици“
-

Тема на денот со Зоран Јолевски, поранешен амбасадор во САД
-

Заседава раководството на СДСМ
-

Царина разоткри шверц на 70 милиони парчиња цигари, оштетен државниот буџет за над шест милиони евра
-

Пецов - Ѓаволот призна вина, доби две години условнa
