Тече регистрацијата за вакцинација, вакцини се уште нема
Речиси 50.000 граѓани до сега пројавиле интерес да примат антиковид вакцина. Од Министерството за здравство информираат дека преку сајтот вакцинација.мк во моментов се пријавени 37.300 заинтересирани да се вакцинираат, а преку матичните лекари 10.290.
Додека граѓаните се пријавуваат за вакцини, а здравствениот кадар и пунктовите за вакцинација се подготвени да започне процесот, државата сè уште ги чека првите дози вакцини.
Иако без конкретни датуми, премиерот ги очекува првите вакцини многу скоро.
Опозицијата обвинува дека Владата не се грижи за здравјето на граѓаните и бара оставки од премиерот и министерот за здравство поради тоа што земјава сè уште нема антиковид вакцини.
Пратката од Србија, која требаше најрано да стигне е одложена, нарачката од кинескиот производител би требало да стигне кон крајот на месецов, преку Ковакс системот земјава ќе ги добие првите вакцини идниот месец, а дополнителни дози се очекуваат и од директните преговори со компанијата Фајзер.
-
Мирјана Јовеска
Сите содржини од овој новинар
