Тече огласот за самовработување со кредитирање на АВРМ
Поволни кредити за самовработување и отворање на нови работни места. Во тек е огласот на АВРМ на кој можат да аплицираат сите невработени лица. Оние до 29 години можат да добијат и до 23 000 евра за да почнат сопствен бизнис.
Кредитобарателите до 29 години за почеток можат да земат 7000 евра, и по 4000 евра за секое новоотворено работно место. Кредитот е со грејс период од една ипол година и каматна стапка од само 1 % годишно.
Активни се и мерките со кои Агенцијата ги финаннсира невработените лица постари од 29 години кои сакаат да отпочнат мал бизнис или да отворат фирма од поголем обем.
- За делот самовработување со кредитирање имаме можност за финансирање т.н. мали бизниси односно бизниси од поголем обем каде што средствата се движат меѓу три до пет илјади евра за носителот, односно да се здружат три до пет лица на еден проект, со тоа што максималниот износ на средства, дококу тие лица што се здружуваат се корисници на паричен надоместок од стечај, ликвидација и технолошки вишок е 21.000 евра, појасни на денешната прес-конференција директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија Влатко Поповски.
Активна е и мерката со која за кредит може да аплицираат компаниите кои сакаат да го прошрат својот тим.
Тие може да вработат до три лица, дококу се на 29-годишна возраст изнесуваат по три илјади за секое лице, максимум 9 илјади евра за вработување три лица. Првата година им е грејс период, а имаат потоа две години да ги вратат средствата, истакна директорот на АВРМ.
Поповски посочи дека ќе се направат напори лицата да ги добијат кредитите пред 27 јуни како би можеле да се вклучат во проектот Македонија вработува и да ги искористат поволностите.
-

Александра Десподовска
Сите содржини од овој новинар
