ТЕЦ Осломеј ќе почне со работа како што е предвидено, изјави Битиќи
Набавката на јаглен за ТЕЦ Осломеј, според последните информации што ги добив, е во тек, затоа што има избрано понудувач, компанијата веќе има започнато со испорака на количини на јаглен. Таму треба да се креираат одредени резерви за блокот да почне, истакна вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи.
– Мислам дека ТЕЦ Осломеј ќе почне како што е предвидено. Ни се случи една мала хаварија со трансформаторот за блок 3 во РЕК Битола и започнувањето на блок 3 ќе биде малку одложено за подоцна во декември. Но, и таму сметам дека до крајот на оваа или почетокот на следната седмица ќе биде завршена подтендерската постапка за набавка на јаглен. Има заинтересирани кои што треба да осигурат и даваат гаранција дека ќе има јаглен, рече тој.
Евентуалните испади кои што ни се случуваат во блоковите, според Битиќи, се случуваат, како последица на застаеноста на капацитетите и недоволно инвестирање во минатите 10, 15 и 20 години во нивна модернизација.
– За жал, се случуваат, но се кратки испади и се враќаат во мрежата и дури некогаш тактички се прави за да не се направи поголема хаварија. Со ваков мирко-менаџмент имаме контрола на производството на електричната енергија. Се надевам дека ќе продолжиме со ставањето во функција на ТЕЦ Неготино за што деновиве ќе биде објавен договорот. Од 1 декември ТЕЦ Неготино и ТЕЦ Осломеј ќе почнат со работа и мислам дека ќе се подобри целокупната производна состојба во нашата земја, потенцира вицепремиерот Битиќи.
Ново на Сител
-

Мицкоски оптимист по средбите со Мерц и Макрон
-

Филипче: Самитот во Тиват испрати јасен сигнал дека западниот Балкан припаѓа во ЕУ
-

Почна полагањето на државната матура - над 14.500 ученици седнаа на жешките столчиња
-

Се крои новата цена на парното, старите цевки летово ќе поминат „стрес-тест“
-

ИЈЗ го отвори првото државно психолошко советувалиште за деца и младинци
-

Струмичката болница доби кабинет за менаџирање на дебелината
-

Ургентен центар за два региони во КБ - Штип
-

Марш за Скопје без бариери
