Театарска претстава со лица со попреченост

Театарска пратстава насловена „Бакнати од сонцето“ во која актери се лица со попреченост корисници на дневните центри на РЦПЛИП – ПОРАКА во Скопје, денеска ќе биде изведена во Мултимедијалниот центар Мала Станица
Изведбата на претставата е по повод 3 декември, Меѓународниот ден на лицата со попреченост а е во организација на Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост – ПОРАКА, во соработка со членовите од Театар ПИ, актерите Златко Митрески и Македонка Илиевска.
Според организаторите, низ серија на специфични актерски техники и процес на импровизација, во работата се истражуваат можностите за создавање на театар со слики и приказни од секојдневниот живот на лицата со интелектуална попреченост. Низ ситуации и театарски игри, со лицата со интелектуална попреченост се создаде материјал, кој е дел на драматургијата во театарскиот перформанс „Бакнати од сонцето“.Акцентот во мултимедијалниот театарски перформанс е ставен на нивната способност да бидат изведувачи и ангажирано низ говорот на телото на сцена да споделат со публиката еден интимен театарски чин.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

ДИК вечерва ќе ги објави првичните неофицијални резултати од првиот круг од локалните избори
-

ВРЕДИ прашува каде е Ахмети
-

Тема на денот: Анализа на изборните резултати
-

Оценка на мисијата на ОБСЕ/ОДИХР за првиот круг од локалните избори во Македонија
-

44 општини добија градоначалник
-

ВМРО-ДПМНЕ: Историска победа на локални избори, СДСМ: Очекувавме повеќе, но не е лошо
-

За кандидатите на ДУИ и ВРЕДИ ќе се гласа повторно во Гостивар и Врапчиште
