Театарот од Нови Сад со „Неопланта“ вечер на „Охридско лето“

Драмскиот дел од 55. фестивал „Охридско лето“ вечер ќе почне со гостување на Новосадско позориште со претставата „Неопланта“ од Ласло Вегел во режија на Андраш Урбан.
Според Вегел и Урбан, претставата е перманентна историја на нaционалните конфликти во кои поединци паѓаат и се вознесуваат, бараат вистина и се лажат, живеат и умираат, убиваат и се убиени, како незапирливи членови, родови и видови меѓу кои стои амбис.
Вегел пишува дека во ветената или проколнатата земја или Неопланта порано или подоцна мора да се соочиме со фактот дека ние сме одвоени и од најдобрите пријатели со бездна, која не може да се прескокне.
Режисерот Урбан е добитник на многу награди и признанија за најдобра режија и сценографија, меѓу кои се специјалните награди во Будимпешта во 2010 и во Скопје во 2011 година.
Годинашното „Охридско лето“ свечено беше отворено синоќа ма Античкиот театар со „Кармина Бурана“ од Карл Орф, во изведба на ансамблот „Ла фура делс Баус“ од Шпанија, во придружба на оркестарот на Македонската опера и балет и Македонската филхармонија, под диригентство на Хозеп Висент.
Ново на Сител
-

Приведен 21 возач поради безобѕирност
-

Земјотрес од 3,3 степени почувствуван во Македонија
-

Вучиќ, во пресрет на неговата оставка, најави помилувања и аболиции
-

Кривична пријава за две лица кои измамиле 88-годишник и му одзеле 300.000 денари
-

Скопјанец ја нападнал својата сопруга во Полициското одделение Шуто Оризари по што бил лишен од слобода
-

Приведени повеќе млади лица по нарушување на јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка
-

Пронајден човечки леш во околина на јавната здравствена установа во Бардовци
-

Сем Алтман и Дарио Амодеј повикани на сослушување за вештачката интелигенција во австралискиот Сенат
